Бразилската фудбалска легенда, можеби најдобриот фудбалер на сите времиња, Пеле со полна уста комплименти за својот наследник на зелениот терен. Иако ретко се случува да се чуе вакво нешто од неговата уста, сепак Пеле смета дека Французинот Килијан Мбапе е новиот најдобар фудбалер на светот.
„Навистина го следам и ми се допаѓа Мбапе. Го освои мундијалот со свои 19 години, веќе му кажав дека за малку можеше да ме изедначи. Мислам дека може да се претвори во новиот Пеле. Многумина ќе речат дека го велам ова за да излезам симпатичен, но навистина го мислам ова. Не е шега, Мбапе може да биде новиот Пеле“ – изјави Пеле за реномираниот „Франс Фудбал“.
Иако тешко е за верување дека некој друг фудбалер во блиска иднина ќе го надмине неговиот рекорд (Пеле е најмладиот играч кој успеал да освои СП со само 17 години), сепак Бразилецот е убеден дека се појави наследникот на приматот најдобар фудбалер во светот.