Top Sport

Како живее највисокиот кошаркар во НБА? (видео)

Сенегалскиот кошаркар, Тако Фал со своите 226 сантиметри моментно е највисокиот кошаркар во НБА лигата откако Бостон Селтикс му даде даде договор со кој во првата година повеќе ќе настапува во Развојната лига, а во првата екипа ќе се приклучува по потреба.

Фал се појави и на Ол-стар викендот. Со неговата висина е вистинска атракција на терените, но висината му прави многу проблеми во вистинскиот живот.

Фал додека е во изолација сними видео за да покаже кои се маните кои ги има тоа што е толку висок.


Во НБА лигата Фал досега заигра само на 6 меча со просек од 3,2 поени и 1,8 скока по меч.

Во Развојната лига просекот на поени му е 13, надополнето со 11 скока и 3 блокади по меч.

Scroll to Top