Top Sport

Пет причини зошто Давид де Хеа е можеби најдобриот голман во светот

„Давид де Хеа е можеби најдобриот голман кој некогаш бранел во Манчестер Јунајтед“. Ова неодамна го изјави актуелниот менаџер на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер.

Де Хеа е најдобриот играч на „ѓаволите“ веќе неколку сезони, а од претходните 5, дури четирипати е избиран за најдобар играч во тимот.

Медиумите на Островот го нарекуваат „чудовиште со 8 раце“, а навивачите го слават како божество. Подеднакво добро брани и со рака и со нога, и тоа во просек по околу 11 шута на еден меч.

Британските медиуми издвоија 5 карактеристики на Шпанецот што го чинат икона на новата генерација.

1.Брани шутеви од страна буквално за наносекунда. Несовладливата упорност мрежата да остане чиста ја прави со острина.

2.Брзо размислува. Кога топката се движи со 90 километри на час, нему му е потребно 0,24 секунди да реагира.

3.Леснотијата во нозете е неговиот најголем адут. Мозокот, рацете и нозете на Де Хеа го сочинуваат „светото тројство“. Тој е крал на непредвидливите ситуации.

4.Давид може да игра на било која позиција (напад, одбрана, средина на терен) што на голот му дава широка слика за случувањата на теренот и можност да ги предвиди потезите на противникот.

5.Пожртвуваност. Од мали нозе Де Хеа со сето срце стоел со својот клуб и давал се од себе неговиот тим да победи.

Scroll to Top