Top Sport

Петра Квитова е морален победник на АО, малку фалеше да остане без дланка (фото)

Чешката тенисерка, Петра Квитова (29) по финалниот натпревар на Австралија Опен иако загуби од Наоми Осака, сепак рече дека е презадоволна што успеа да му се врати на тенисот и што стигна толку далеку на првиот Гренд слем турнир годинава.

Квитова преживеа хорор пред 2 години. Крадец влезе во нејзиниот стан во Прага, при што и нанесе тешки повреди на прстите на раката што првично значеа дека никогаш повеќе нема да може да игра тенис.

„Ова е лудо. Не можам да верувам дека повторно играв во гренд-слем финале. Беше извонредно, ова беше одличен турнир за мене. Благодарна сум на семејството и на пријатели за сета поддршка што ја имав во изминатиот период и секако на мојот тим. Најмногу за останување крај мене иако не знаев дали ќе можам повторно да држам рекет в раце“ – рече Петра Квитова во Мелбурн.

Погледнете како изгледаше нејзината рака по повредата:

Чешката тенисерка од понеделник ќе го заземе второто место на ВТА листата, веднаш зад денешната соперничка во финалето.

„Ме поддржувавте секој ден и останавте позитивни кон мене кога ми беше најпотребно. Затоа сум ви неизмерно благодарна. Се надевам дека ќе бидам здрава и дека ќе се видиме и догодина овде“ – и се обрати Квитова со солзи во очите на публиката во Мелбурн.

Scroll to Top