Кратко траеше ерата на Марко Џампаоло на клупата на Милан, клупата на „росонерите“ ја презема Стефано Пиоли.
Вчера го одржа првиот тренинг во новата екипа, а навивачите на „црвено-црните“ ги радува враќањето на тренинзите на Калдара.
Едно од позвучните засилувања на Милан е Тео Ернандез кој во текот на летото стигна од редовите на Реал Мадрид и веќе пона да „ги освојува“ срцата на навивачите. Тоа би значело дека Пило ќе се ослободи од дефанзивецот од Швајцарија, Рикардо Родригез кој е еден од најслабите во дефанзивата на тимот во новата сезона.
За Родригез интерес пројави премиерлигашот Евертон кој со доведувањето на екс-фудбалерот на Волфсбург сака да ја зголеми конкуренцијата во тимот. Сепак „карамелите“ прво треба да видат дали тренерот Марко Силва ќе остане на функцијата до јануари идната година.