Top Sport

Пирло станува тренер на Јувентус, на вториот тим

Некогашниот трофеен италијански фудбалер, Андреа Пирло наскоро ќе стане тренер на вториот тим на Јувентус, пренесува „Кориера дела Сера“.

Пирло беше дел од „Старата дама“ од 2011 до 2015 година, токму во периодот кога Јувентус ја постави доминацијата во Серија А.

Екс-играчот од средниот ред кој остави свој печат и во Милан и Интер моментно е ангажиран на телевизија „Скај спорт Италија“, но има тренерска лиценца и веднаш може да преземе кормило на екипа која се натпреварува во Серија Ц.

Пирло е освојувач и на титулата Светски шампион со Италија, а двапати го подигна „пехарот со големите уши“ со Милан..
Фудбалската кариера ја заврши пред 2 години во дресот на Њујорк Сити.

Scroll to Top