Aмериканската пливачка Анита Алварез откако за малку ќе се удавеше на Светското првенство во Будимпешта, а животот и го спаси тренерката Андреа Фуентес, за првпат проговори во јавноста за тешките моменти.
„Мојата тренерка ме спаси. Таа е јунак и тоа ѝ го повторувам секој ден. Дали се сеќавам на настапот? До момент кога ја загубив свеста си размислував дека тоа ми е најдобриот настап во кариерата. Потоа одеднаш почнав да се губам. Ја кренав раката и почувствував дека не сум добро“, изјави Алварез.
Таа падна во бессознание и ќе се удавеше доколку не беше брзата реакција на нејзината тренерка.