На четирите натпревари од денешното 24 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) фаворитите дојдоа до очекувани победи.
Скопски Вардар го доби дербито со Работнички на „Филип Втори“ со резултат 0-2. Прецизни за Вардар беа Цветановски во 6. и Фелипе во 55. минута.
Шампионот Шкендија немаше никакви проблеми во Кратово, кај Силекс, славеа со 0-3. Миленковски постигна автогол во 25. Минута, па Ибраими прецизно стрелаше во 66. минута за 0-2, а конечниот резултат беше дело на Муслиу во 87. Минута.
Македонија Ѓорче Петров со еден гол славеше на Чаир, против Шкупи. Стрелец на победничкиот погодок беше Божиновски во 93 минута.
Ренова, пак, дома славеше победа над Беласица со 3-2, а дуелот Победа – Академија Пандев ќе се одигра на 1 мај годинава.
Еве како изгледа табелата по ова 24 коло:
Табела: Шкендија 53, Вардар 45, Академија Пандев 42(-1), Ренова 33, Шкупи 33, Работнички 31, Македонија Ѓ.П. 29, Силекс 24, Беласица 19, Победа 18(-1).