Top Sport

По Гасол една година во Портланд, на местото на Нуркиќ

Шпанскиот кошаркарски репрезентативец, По Гасол потпиша едногодишен договор со Портланд Трејлблејзерс, пренесува познатиот американски новинар, Адриан Војнаровски.

Екс-играчот на Милвоки е „вистинскиот шраф“ кој му треба на Портланд по ужасната повреда на Босанецот Јусуф Нуркиќ.

Гасол минатата сезона играше со Бакси во финалето на Источната конференција каде претрпеа пораз од 3-2 во серијата против Торонто, кој подоцна ја освои титулата во НБА.

Шпанскиот центар е дел од најсилната кошаркарска лига во светот од 2001 година кога на драфтот го одбра тимот на Гризлис. Гасол има два шампионски прстени освоени со ЛА Лејкерс, а забележа и шест настапи на ол-стар мечевите.

Scroll to Top