Скопскиот фудбалски клуб Вардар денеска конечно забележа победа во 29 коло на ПМФЛ откако „црвено-црните“ три натпревари во низа одиграа нерешено. Вардарци денеска славеа со 2-0 против тимот на Ренова.
Актуелниот Шампион, тетовска Шкендија немаше проблеми да дојде до нови три бода кои ја носат кон одбрана на насловот. Тетовци ја совладаа екипата на Македонија ЃП со 4-2.
Во Струмица се одигра локалното дерби меѓу екипите на Беласица и Академија Пандев. Поуспешни беа играчите на Беласица и славеа победа од 2-0.
Тимот на Шкупи од скопски Чаир славеше гостинска победа од 3-0 кај прилепска Победа, додека пак Силекс во Кратово беше поуспешен со 1-0 од тимот на Работнички.
По 29. коло лидер на табелата е тимот на Шкендија со 66 бода. Втор е Вардар со 54, а трета екипата на Академија Пандев со 47 бода.
На дното на табелата последна е екипата на Победа со 20 бода, а на претпоследното место е струмичка Беласица со 27. Силекс е на осмата позиција со 31 бод.