Напаѓачот на Реал Мадрид, фудбалерот на Доминиканската република, Маријано Дијаз би можел наскоро да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ пишува шпанска „Марка“ која тврди дека започнала „лицитација“ за фудбалерот.
Вчера медиумите во Шпанија пишуваа дека Бетис е заинтересиран да го доведе Дијас, а заинтересираност за офанзивниот фудбалер покажува и француски Монако.
Олимпик Марсеј е еден од заинтересираните, а како засилување во нападот, по заминувањето на голгетерот Родриго во Атлетико, го гледа и Валенсија.
Маријано не настапи на ниту еден од подготвителните мечеви овој период па јасно е дека Зидан не смета на неговите услуги.
Проблем за трансфер на Доминиканецот е неговата висока годишна плата од 5 милиони евра. Останува позајмицата како опција, но само доколку Реал прифати да му ја исплати платата.