Top Sport

Станува сериозно – Озил и Колашинац ги чуваат и кучиња-чувари (фото)

Фудбалерите на лондонски Арсенал, Сеад Колашинац и Месут Озил го пропуштија отворањето на сезоната во Премиерлигата и не беа дел од тимот на „топчиите“ кои забележаа победа од 0-1 нагости кај Њукасл. Причината не е повреда или слаба форма туку веќе добро познатата ситуација со разбојниците кои ги нападнаа фудбалерите пред еден лондонски ресторан.

Босанскиот фудбалер во моментот на нападот постапи посебно храбро и со голи раце им се спротивстави на разбојниците, ги исплаши и се спаси себе си, но и соиграчот.

Иако другиот ден двајцата играчи на терен се појавија насмеани, сепак ситуацијата не се смири.

Англиски „Сан“ пишува дека фудбалерите се под 24-часовна заштита, а околу куќата на Озил има и кучиња – чувари.

Проблемот е многу поголем од еден обичен обид за грабеж. Постојат сомневања дека опасно налутиле една улична банда во Лондон чии два члена се уапсени. Се работи за Ферхат Ерчан и Саламан Екинчи, 27-годишници кои имаат турско потекло.

Според најновите информации, сопругата на Колашинац ја напуштила Англија и заминала во Германија, каде бекот на Арсенал претходно настапуваше во екипата на Шалке 04. Таа рече дека во Лондон веќе не се чувствува сигурно.

Лондонскиот клуб во сабота го пречекува Барнли на „Емирати“ и засега не се знае дали Босанецот и Германецот ќе бидат во составот.

Scroll to Top