Вечерва во Каиро, со натпреварот Египет – Зимбабве, со почеток во 22 часот, започнува 32. Континентално првенство на Африка во фудбал.
Мароко го брани трофејот, Сенегал, Египет и Нигерија се надеваат дека можат да дојдат до тронот.
Купот на конфедерациите во Африка ќе трае до 19 јули, а фудбалерите од „црниот континент“ повторно ќе докажуваат дека тие се „моторот“ на голем број европски фудбалски гиганти.
Египет, како организатор на Купот одреди 4 града каде ќе се играат натпреварите: Каиро, Александрија, Исмаили и Суез.
Се разбира, најголема ѕвезда на Купот ќе биде репрезентативецот на домаќинот Египет, Мохамед Салах. Тој во националниот состав има статус на божество.
Мароко го има младиот фудбалер на Ајакс, сезонава феноменалниот Хаким Зијеш.
Сенегал, освен првата ѕвезда, соиграчот на Салах од Ливерпул, Садио Мане, во дефанзивата го има еден од најбараните одбранбени играчи во моментов, бекот на Наполи, Калиду Кулибали.
За Алжир, кој е фаворит од сенка, ќе настапи фудбалерот на Манчестер Сити, Ријад Марез, а со капитенската лента на раката, Нигерија повторно ќе ја предводи Џон Оби Микел.
По првпат откако фудбалската топка се тркала во Африка, на Купот на конфедерациите ќе учествуваат 24 селекции поделени по 4 во 6-те групи.