Top Sport

Покетино: Луѓето очекуваат да играме како Барса на Кројф и Милан на Ариго Саки

„Моите играчи се херои, без оглед на тоа што се случува, заслуѓуваат само пофалби. Тоа што го прават сезонава е неверојатно“. Ова за медиумите, меѓудругото го изјави тренерот на лондонски Тотенхем , Маурицио Покетино по победата на неговиот тим над Борусија Дортмунд во ЛШ од 3-0.

Играчите на Покетино со убедливата победа направија сериозен чекот кон четвртфиналето од еминентното натпреварување.
Покетино веќе некој подолг период не може да смета на услугите на првата ѕвезда, Хари Кејн и Деле Али, а сепак со тимот доаѓа до добри резултати.

„Луѓето кога го гледаат Тотенхем не очекуваат само да победи, туку сакаат да играат добро како Барселона на Кројф и Милан на Ариго Саки. Играме многу подобро од проценката на луѓето, но не можеме да се бориме со нивната перцепција. Моите играчи се херои без оглед на се и заслуѓуваат пофалби“ – вели Покетино.

Прашан за шансите на тимот за влез меѓу осумте најдобри, вели дека предноста од 3-0 не гарантира сигурен премин во наредна фаза.

„Кога е Борусија од другата страна, секогаш мора да се има голем респект. Мораме да одиме во Дортмунд и да размислуваме само за победа, сеуште имаме многу да направиме“ смета Аргентинецот.

Реваншот против Борусија Тотенхем ќе го одигра на 5 март во 21 часот.

Scroll to Top