Во февруари 1995 година, пред 24 годии прославениот бразилски фудбалер Роберто Карлос го постигна еден од најспектакуларните голови во историјата на фудбалот.
Карлос, кој тогаш настапуваше за бразилски Палмеирас, на натпревар од домашното првенство ја затресе противничката мрежа на неверојатен начин.
Од 40 метри далечина Карлос силно шутна и постигна прекрасен гол.
Бразилецот во својата богата кариера играше за Палмеирас, Реал Мадрид, Фенербахче, Коринтијанс и Анжи. Дури 14 години настапуваше за „Кариоките“ и учествуваше на 3 Светски првенства, а двапати се закити со титулата светски првак, во 1994 и 2002 година.
Да се потсетиме на прекрасниот гол: