Top Sport

Попис на најскапи фудбалери во светот: Мбапе, Кејн па Нејмар, Роналдо дури 19-ти

Швајцарскиот институт за спортски истражувања „CIES“ го објави првиот извештај за 2019 година. Направија попис на 100-те најскапи играчи во светот во моментов.

Според нивниот алгоритам, најскап во моментов е Французинот Килијан Мбапе кој според нивните проценки вреди 218,5 милиони евра.

На втората позиција, според „CIES“, се наоѓа Англичанецот Хари Кејн кој се проценува на 200 милиони евра, а трет на листата е Бразилецот Нејмар кој вреди 197 милиони евра.

Во првата „десетка“ има место и за Рахим Стерлинг, Мохамед Салах, Пауло Дибала, помалку изненадувачки на седмото место се наоѓа Лионел Меси со вредност од 171 милион евра, а на последните три позиции во топ-10 се Лукаку, Кутињо и Лирој Сане.

Интересно е што Португалецот Кристијано Роналдо, според институтот, се наоѓа на 19 место со вредност од 127 милиони евра.

Scroll to Top