Top Sport

Попович: Коби беше посебен на многу начини, беше суперхерој!

Легендарниот НБА тренер, Грег Попович кој е и селектор на кошаркарската селекција на САД го предводеше својот Сан Антонио на мечот во „Стејплс центарот“ против Лејкерси, но во првите редови во салата не беа Коби Брајант и неговата ќерка Џиџи. Лејкерси со 129-102 ги совладаа гостите од Тексас во меч кој го одбележа Леброн Џејмс со 36 поени. Сепак, Попович повеќе се осврна на трагедијата на Коби.

„Со години го гледавме Коби и неговиот натпреварувачки дух. Водев мечеви против него, бев со него на Ол-стар, мислам дека секој имаше чувство дека го познава Коби. Посебно тоа се однесува за луѓето од Лос Анџелес. Сите имаме чувство како да сме изгубиле некој близок. Тој беше посебен на многу начини“ – рече Попович.


Трофејниот тренер смета дека неговото заминување од овој свет е голем шок.

„Брајант беше суперхерој. Неговото заминување е голем шок. Ако некој загине како него, со неговата ќерка и останатите, тоа е голема трагедија. Болно, на многу начини“ – рече тренерот.

Scroll to Top