Кошаркарската репрезентација на САД повика шест нови кошаркари за подготовките за Мундијалот во Кина кој започнува на крајот на идниот месец.
По големиот број откажувања, селекторот Грег Попович во екипата ги повика Џејлен Браун (Бостон), Монтрез Харел (Клиперс), Мејсон Пламли (Денвер), Џилијус Рендл (Њујорк), Маркус Смарт (Бостон) и Тадијус Јанг (Чикаго).
Од борбата за репрезентацијата се откажаа Пол Милсап, Дамијан Лилард, Си Џеј Меколум, Џејмс Харден, Ентони Дејвис, Бредли Бил, Кевин Лав…
Репрезентацијата на САД подготовките ги започнува на 5 август, а покрај новоповиканите, се очекува на располагање на Попович да му бидат и Харисон Барнс, Андре Драмонд, Кајл Кузма, Брук Лопез, Кајл Лаури, Крис Мидлтон, Донован Мичел, Џејсон Тејтум, Пи Џеј Такер, Мајлс Тарнер и Кемба Вокер.
Светското првенство во Кина започнува на 31 август, а тимот на САД е во група со Турција, Чешка и Јапонија.