Португалскиот фудбалски ас, Кристијано Роналдо постави уште еден рекорд. Стана првиот играч во историјата на „Старата дама“ кој постигнал најмалку по еден гол во првите 10 првенствени меча во низа. И синоќа погоди на гостувањето во Верона, но тоа беше недоволно за Јуве да избегне пораз.
За Роналдо, кој неодамно го прослави 35-тиот роденден, беше тоа 15-тиот гол на последните 10 меча или вкупно 20-ти сезонава.
Петкратниот играч на годината во светот се приближи до рекордот во Серија А. Тој им припаѓа на Габриел Батистута и Фабио Квалјарела кои постигнувале голови на 11 меча во низа.