Шампионот во Премиерлигата, Манчестер Сити ја активира откупната клаузула и за 120 милиони евра на „Итихад“ го носи напаѓачот на Бенфика, португалскиот тинејџер Жоао Феликс, пишува шпански „АС“.
Како што се наведува, Феликс се договорил со „граѓаните“ за петгодишна верност да добие 25 милиони евра. Младиот напаѓач имаше одлична сезона. Даде 20 гола, а имаше и 11 асистенции, па интерес за него пројавија Реал Мадрид, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
„Кралевите“ за него нудеа 80 милиони евра, притисок врз Бенфика стигна и од Атлетико Мадрид, но 19-годишникот заврши во екипата предводена од Пеп Гвардиола. Бенфика сакаше на играчот да му понуди нова соработка, со излезна клаузула од 200 милиони евра, но по се изгледа клубот не успеа во намерата.