Македонската ракометна репрезентација денеска во Словенија го игра последниот подготвителен меч со селекцијата на Црна Гора пред Европското ракометно првенство кое на 9 овој месец започнува во Австрија, Норвешка и Шведска. На последната проверка на нашите репрезентативци пред ЕП, селекторот Данило Брестовац нема да може да смета на услугите на долгогодишниот репрезентативец, Велко Маркоски.
За него кобен беше пријателскиот дуел со Словенија. При еден шут на Словенецот, Дејан Бомбач топката заврши во главата на Маркоски, по што тој заработи повреда на окото и денеска се враќа во Македонија.
Вчера на дефанзивецот во нашата селекција му беа извршени прегледи на Очната клиника во Љубљана, а резултатите се дека ќе мора да отсуствува 14 дена од терените.
Брестовац нема да може да смета на Маркоски за ЕП во Австрија што претставува дополнителен удар ако се знае дека тој со години е дел од одбраната на селекцијата.
Инаку, вчера Црна Гора убедливо загуби на пријателскиот меч од Словенија, 37:22.
Македонија првиот натпревар на ЕП во Австрија, во Виена го игра на 10. јануари против Украина. Потоа следува мечот со Чешка, а групната фаза ја заокружување на дуелот со домаќинот Австрија.