Top Sport

Пред 7 години на денешен ден, Суарез го гризна Ивановиќ (видео)

На денешен ден, пред 7 години, уругвајскиот фудбалски напаѓач, Луис Суарез повторно го шокираше светот. Суарез, кој во тој период го носеше дресот на Ливерпул, во меч од Премиерлигата на „Енфилд“ против Челси, го гризна за раката српскиот дефанзивец, Бранислав Ивановиќ.

Премиерлигата го казни со 10 меча суспензија, но на тој меч, Уругваецот не заработи црвен картон.
Тоа не му беше прв сличен инцидент. Уште како играч на Ајакс, Суарез гризна фудбалер на ПСВ Ајндховен, во холандскиот шампионат.

Дека казната во Премиерлигата не му го донела умот, Суарез покажа веќе следната година, овојпат во дресот на Уругвај на Светското првенство во Бразил, во 2014 година. Таму голгетерот го гризна за рамото дефанзивецот на Италија, Џорџо Киелини.

ФИФА го казни со 4 месеци забрана за играње.

Тоа не ја спречи Барселона, само 16 дена по тој немил настан да го откупи неговиот договор од Ливерпул за тогаш рекордни 82,3 милиони евра.

Суарез како член на Каталонскиот клуб постигна 191 гол на 270 меча и освои 13 трофеи.

Scroll to Top