Top Sport

Кристал палас: Ние сме најстариот лигашки фудбалски клуб на светот

Премиерлигашот Кристал палас храбро тврдат дека тие треба да се сметаат за најстариот фудбалски клуб на светот, откако новото истражување покажа дека лондонскиот клуб е основан во 1861 година.

Последните децении се сметаше дека Нотс каунти, клуб кој сега игра во петтата англиска лига, се најстариот професионален клуб бидејќи се формирани во 1862 година, но авторот Питер Менинг, тврди дека има поврзаност помеѓу клубот од јужен Лондон, кој беше основан како професионален клуб во 1905 година и клубот за крикет и фудбал, формиран во 1861 година. Во анализата се тврди дека има јасна поврзаност на двата клуба преку нивниот сопственик „Кристал палас компани“.

„Без Кристал палас и ’Кристал палас компани’ немаше да има фудбалски клуб Кристал палас. Тоа беше еден клуб и дел од бизнисот на Кристал палас компани. Затоа, основањето на клубот е во 1861 година, со што се работи за најстариот професионален лигашки клуб на светот“, тврди Менинг.

Фудбалскиот клуб Шефилд ФЦ, аматерски клуб кој игра во Северната Премиер лига југоисток, седма во нивото на англиски фудбал, се признаени од ФИФА како најстар клуб на светот – тие се основани во 1857 година.

Scroll to Top