Европскиот ракометен шампион Вардар против Кил ќе брка пласман на завршбиот турнир во Лигата на шампионите. Кил, во осмина-финалниот двомеч, успеа да го елиминира Пик Сегед.
Кил во Унгарија ја бранеше и ја одбрани предноста од седум гола (29:22), која ја стекна по првиот меч. Пик Сегед реваншот го доби со 28:27.
Пикерот Винчек ги предводеше Германците со девет гола, а два гола помалку даде Билик. На спротивната страна најефикасен беше шведскиот репрезентативец Калман со шест гола.
Првиот меч од четврт-финалето ќе се одигра во периодот од 18. до 22. април, а реваншот е во Скопје помеѓу 25. и 29.април.