Top Sport

Репрезентативниот бек Муслиу се сели во МОЛ Фехервар кај Николов

Одбранбениот фудбалер на тетовска Шкендија, македонскиот репрезентативец Висар Муслиу речиси сигурно ќе биде нов играч на унгарски МОЛ Фехервар каде настапува репрезентативец, Бобан Николов.

На социјалните мрежи во Унгарија има информации и дека трансферот на стоперот од Шкендија во МОЛ ќе е 1,7 милиони евра.
Ако се точни тврдењата, тогаш Муслиу ќе влезе во историја како играч со најскап трансфер од Македонија во странство.
Висар Муслиу е стандарден кај селекторот Игор Ангеловски, а пред да заигра за фудбалскиот шампион од Тетово, тој со успех настапуваше во скопски Вардар.

Scroll to Top