Кошаркарите на МЗТ Скопје третпат за неколку дена се поразени од Приморска од Словенија во финалната серија во АБА2 лигата.
Овојпат во салата „Јане Сандански“ во Скопје Приморска славеше со 66-61 за влез на тимот во поквалитетната АБА лига, додека за МЗТ останува надежта дека преку бараж-дуелот со хрватски Задар ќе успее да се врати во најквалитетното регионално друштво.
Иако гостите од Словенија не беа така убедливи како првите два дуели од финалната серија кои ги добија со над 20 поени разлика, сепак „металците“ немаа сила да се носат со поквалитетниот противник.
Во МЗТ Скопје Андрија Бојиќ беше најефикасен со 20 поени, додека Џејмс Вудард го следеше со 18 поени.
Кај Приморска се истакна Јагодиќ со 17 поени.