Top Sport

Приведен 64-годишник осомничен за смртта на Емилијано Сала!

Трагедијата која го потресе фудбалскиот свет добива продолжение.

Денеска попладне во северен Јоркшир, во Англија, е уапсен 64-годишен човек кој се сомничи за убиство на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала кој на почетокот на годинава загина во авионска несреќа на Островот, јавуваат британските медиуми.

Информациите се дека испитувањето на човекот траело неколку часа, па откако дал согласност да соработува со полицијата, тој е пуштен да се брани од слобода.

„Спроведовме голема истрага поврзано со околностите со смртта на господин Сала и продолжуваме да работиме со нашите парнери. Дел од истрагата е и барањето докази кои би можеле да укажат на незаконски активности. Како резултат на истрагата, денеска уапсивме 64-годишен маж од подрачјето на Северен Јоркшир поради сомнеж за убиство. Тој моментно соработува и пуштен е од притвор“ изјави попладнево инспекторот Симон Хухтер.

Фудбалерот Сала загина во авионска несреќа само неколку дена по комплетирањето на трансферот од Нант во Кардиф. Тој леташе со приватен авион од Франција кон Велс кога дојде до несреќа над Англискиот канал.

По две недели од несреќата идентификувано е неговото тело во остатоците од авионот, додека телото на пилотот Дејвид Иботсон никогаш не е пронајдено.

Scroll to Top