Поради срцева аритмија, германскиот фудбалски репрезентативец, член на торински Јувентус вчера е изоставен од списокот на Алегри за денешниот двобој против Атлетико Мадрид. Се очекува дополнителните прегледи да покажат колку е сериозна ситуацијата.
Играчот од средниот ред оваа сезона даде 2 гола во Серија А за Јуве, а голем хендикеп за тимот на Алегри ќе биде неговото неиграње затоа што тој е важна алка во средниот ред на тимот.
Досега сезонава во ваква ситуација можност за игра добиваше Бентанкур, заедно со Пјаниќ и Матуиди на средината на теренот.