Хрватскиот напаѓач на Јувентус, Марио Манџукиќ (33) наводно ги договорил личните услови со Манчестер Јунајред, пишуваат „Газета дело Спорт“ и “Тутомеркато“.
Информациите од Италија се дека Хрватот договорил двегодишна соработка со можност за дополнителна една година на „Олд Трафорд“.
Истите извори пишуваат дека доколку се острвари трансферот на Манџукиќ во Јунајтед, годишно ќе заработува по 6 милиони евра, што е за 500.000 евра повеќе во однос на сегашната плата во Јувентус.
За да го доведат во своите редови, „црвените ѓаволи“ на „Старата дама“ треба да и исплатат 15 милиони евра.
Доколку дојде до реализација на овој трансфер, Манџукиќ ќе биде првиот Хрват кој ќе настапува на „Театарот на соништата“ во Манчестер.
Хрватскиот фудбалер има настапувано за Волфсбурg и Баерн Минхен во Германија, за Атлетико Мадрид во Шпанија, а моментно е дел од Јувентус во Италија.