Top Sport

Трагедија – млад велосипедист почина по пад на трка во Полска

Белгискиот велосипедист Бјорг Ламбрехт почина од повредите по тешкиот пад на третата етапа од трката во Полска, соопштија од неговата екипа „Лото Судал“.

Информациите се дека Ламбрехт на трката од 40 километри доживеал тежок пад и со тешки повреди бил префрлен во болница. Сепак, лекарите не успеале да го спасат животот на 22-годишниот велосипедист.

Него не го спасила ни заштитната кацига на главата, повредите биле претешки.

Оваа вест ги шокираше сите кои се активно вклучени во овој спорт, а надлежните уште еднаш ги предупреди дека итно мора да се зголеми безбедноста на велосипедистите.

Scroll to Top