Top Sport

ПСЖ „игра шах“ за Нејмар, продажбата на Кутињо е нов предизвик за Барса

Барселона со испраќањето на позајмица во Баерн на Фелипе Кутињо го растовари платниот фонд, но од друга страна остана без играч кој би можел да се стави во евентуална рокада со ПСЖ за доаѓањето на Нејмар на „Ноу Камп“.

Францускиот репрезентативец, Дембеле ќе мора да биде дел од евентуална размена, но тој не сака да се враќа во татковината.

Барса планира да го даде Дембеле и плус 50 милиони за да го земе Нејмар, затоа што Каталонците го проценуваат младиот играч на околу 130 милиони евра. На парискиот клуб тоа не му одговара затоа што бараат 100 милиони за замената на Нејмар и плус играч. Тие алудираат на Дибала од Јувентус.

Француски „Л’кип“ пишува дека ПСЖ тактизира затоа што ја чека последната понуда од Реал Мадрид. Флорентино Перез молчи, не е познато дали ќе ги прати на „Паркот на принцовите“ Бејл, Родригез или Винисијус само да го доведе на „Бернабеу“ бразилскиот напаѓач.

Scroll to Top