Top Sport

Џеко останува во Рома, му здодеа „сапуницата“ на Икарди во Интер

Босанскиот фудбалски репрезентативец, Един Џеко одлучи да остане во Рома затоа што не можеше повеќе да го чека расплетот на сагата на Мауро Икарди во Интер, открива неговиот агент Силвано Мартина. Најдобриот стрелец на „волчицата“ вчера го продолжи договорот на уште 3 години.

Џеко долго време беше во преговори со Интер, а наводно падна и почетен договор со „нероазурите“, но двата клуба не се договорија околу обезштетувањето.

„Џеко го сака Рим, исто и неговото семејство. Играч со негово реноме не може да ја чека одлуката на другите, на пример Икарди. Разговаравме и дојдовме до заклучок дека овде може да ужива. Последните неколку денови преговаравме со клубот, по што потпишавме нов договор“ – вели агентот Мартина.

Репрезентативниот капитен на БиХ имаше претходно договор со Рома до летото 2020 година.

Scroll to Top