Францускиот шампион ПСЖ вечерва има можност да стане првата екипа во историјата на фудбалската Лига на шампиони кој ја осигурал нокаут фазата по само три натпревари од групната фаза.
По две кола парискиот клуб се наоѓа на чело на својата група со 6 бода, 2 победи против Галатасарај и Реал Мадрид, а вечерва гостуваат во Брисел, кај белгискиот шампион Клуб Бриж.
Доколку ПСЖ триумфира, а во Истанбул Галатасарај и Реал Мадрид одиграат нерешено, ПСЖ уште по третото коло би осигурал нокаут фаза.
Во тој случај, „светците“ би биле на врвот на табелата со 9 бода, а останатите три екипи би имало по само 2 бода.
Со оглед на тоа дека ќе останат уште три кола од групната фаза, невозможно е два клуба на крајот да завршат на табелата пред францускиот шампион.
Двата вечерашни дуели започнуваат во 21 часот.