Српскиот фудбалски тренер, Радомир Антиќ изјави дека според него, Јувентус е фаворит на двобојот со „неговиот“ Атлетико Мадрид.
„Не сакам да зборам за тоа кој е фаворит и да изнесувам проценти, но реалност е дека Јувентус е во подобра форма“ – изјавил Антиќ за медиумите во Шпанија.
Тој во три наврати беше тренер на Атлетико и со „јорганџиите“ освои дупла круна во Шпанија. Смета дека Атлетико е во подредена улога пред се поради бројните повреди во тимот.
„Атлетико има проблеми со повредени играчи во текот на целата сезона. Имаше 35 повреди што е навистина многу“ – смета стратегот.
Во врска со играта на Кристијано Роналдо, Антиќ вели дека „има слобода во движењето, втрчува во простор, ја надмина нервозата и стана референтна точка во нападот на Јуве“.
Првиот натпревар од двомечот меѓу Атлетико и Јувентус се игра вечерва во Мадрид, со почеток од 21 часот.