Top Sport

Радуљица: Мојата НБА приказна не е завршена!

Центарот на српската кошаркарска репрезентација, Мирослав Радуљица е се само обичен спортист не.

За селекцијата на Србија одигра повеќе од 100 натпревари, постигна повеќе од 1.000 поени, но за него велат дека е многу повеќе од она што го покажуваат бројките.

Радуљица, кој е член на кинеската екипа Џанагус верива дека не ставил точка на неговата НБА кариера.

„Би сакал да имам трета среќа. Што се однесува до мене, приказната не е завршена, ќе видиме од нивна страна, јас не се откажувам“ – вели кошаркарскиот центар.

Тој од 2017 година живее во Кина.

„Да живееш во Кина е многу интересно, многу поразлично од она на што се луѓето навикнати. Јас сум живеел во многу земји и можам да направам споредба. Буквално е како да си на друга планета. Со кошарката Кина оди големи чекор напред“ – вели Радуљица.

Тој во опширно интервју за српските медиуми раскажува и за приватните навики и широкиот спектар на интересирање.

„Често велам дека немам доволно време за се што ме интересира. Не ги разбирам луѓето на кои им е досадно. Сакам да читам книги, најмногу фантастика. Во последно време читам и духовни книги. Пронаоѓањето на себе си низ посетата на манастирите за мене е многу допар пат“ – вели тој.

Scroll to Top