Top Sport

Рајо Ваљекано ја сопре Севилја, но и својата лоша серија

Рајо Ваљекано ремизираше 1:1 против Севилја на домашен терен и конечно стави крај на серијата пораз во Ла Лига. Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски беше на голот на Рајо, а домашниот тим во водство го доведе Бебе со голот во 46.минута.

Томас Дилејни во 63.минута го совлада Столе Димитриевски за израмнување, но Севилја не успеа да стигне и до целосен пресврт.

Севилја сега има 56 бода, седум помалку од лидерот Реал Мадрид на врвот на табелата во Шпанија.

Scroll to Top