Српскиот фудбалер, Александар Коларов е познат по силниот и прецизен шут, посебно кога се работи за слободни удари.
Денеска имаше можност уште еднаш да ја увери фудбалската публика во неговите квалитети.
На пријателски меч меѓу Рома и Атлетик Билбао (мечот заврши 2-2) Коларов кој влезе во игра во второто полувреме, во 59 минута постигна прекрасен гол од слободен удар од околу 30 метри. Биеше прецизно и силно во горниот лев агол од голот на противниците и донесе изедначување, во тој момент од 1-1.
Погледнете го голот на Коларов, кој се почесто се поврзува со трансфер во турски Фенербахче:
https://youtube.com/watch?v=RzHEE8eae-M