Top Sport

Ракитиќ ги разбесни челниците на Барса, по дебаклот на „Енфилд“ отишол на журка

Хрватскиот фудбалски интернационалец, член на Барселона денеска е на мета на фудбалските вљубеници во Каталонија, а посебно ги вознемири челниците на клубот.

На Инстаграм се појави фотографија на која Хрватот е во друштво на синот на екс-претседателот на Севилја, на познатото место за забави „Фериа де Абрил“.

Симптоматично е тоа што Ракитиќ на забавата отишол непосредно по дебаклот што неговиот тим го доживеа од Ливерпул на „Енфилд“ кога беше поразен со 4-0 и елиминиран од Лигата на шампиони.

Хрватскиот фудбалер, заедно со Бразилецот Кутињо, по мечот со Ливерпул заработија оценка 0 од шпанските медиуми затоа што практично беа незабележителни на теренот.

Фотографијата со расположениот Хрват покрена лавина реакции во Шпанија, а стигна и веста дека Управата на Барселона го повикала фудбалерот на „консултации“.
https://www.instagram.com/p/BxPkLcfnErC/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Scroll to Top