„Четири големи клубови се свесни дека во Иван Ракитиќ можат да добијат сјаен играч голем професионалец“. Ова го пишува изданието на „Мундо Депортиво“ во Шпанија.
Во Барселона летоска доаѓа Френки де Јонг и многумина во него гледаат заменик на Хрватот Ракитиќ. Иван бара нов договор од клубот, но сеуште челниците на Каталонскиот клуб молчат.
Својата прилика по ваквите ветришта од „Ноу Камп“ ја гледаат многу европски фудбалски клубови.
„Мундо Депортиво“ пишува дека најзагреани за Ракитиќ се ПСЖ, Баерн Минхен, Интер и Манчестер Јунајтед.
Договорот на Ракитиќ истекува во 2021 година, а откупната клаузула во моментов изнесува 125 милиони евра.
Шпекулациите се дека Барса би се согласила да го ослободи од обврските и за 50 милиони евра, затоа што барањата на Хрватот со евентуалниот нов договор е и загарантирано место во стартните 11 на клубот.