Top Sport

Реал даде 60 милиони за Јовиќ, сега Зидан сака да го прати на позајмица!

Српскиот голгетер, Лука Јовиќ пред неколку месеци потпиша договор со Реал Мадрид, но очигледно трансферот не е по вкусот на Зинедин Зидан. Поради тоа, би можел наскоро да ги спакува куферите, објавуваат шпанските медиуми.

Шпански „Дон Балон“ пишува дека Зидан не е воодушевен од она што Јовиќ го прикажува, иако многу од навивачите на кралскиот клуб се прашуваа зошто Бензема има толку голема минутажа в тимот за разлика од српскиот интернационалец.

Шпанскиот весник наведува дека Србинот нема ништо против да оди некаде каде би имал минутажа, па тогаш во голем стил да се врати во Реал. Прашањето што се отвора е каде би кожел Јовиќ да отиде на позајмица?

Освен тоа, останува уште една енига. Кој би го заменил Бензема во нападот доколку тој си замине од „Бернабеу“. Освен Французинот, Реал не постои класичен шпиц, но многумина шпекулираат дека на тој начин се отвора вратата за доаѓање на Нејмар во Бразил.

Факт е дека во Мадрид нешто опасно се „готви“, останува да се види што на крајот ќе им биде „сервирано“ на навивачите.

Scroll to Top