Top Sport

Московски Спартак на местото на Татабања во СЕХА лигата

Во следнава сезона регионалната ракометна СЕХА лига ќе биде во ново руво, со нови клубови. Сепак идилата ја поремети веста за раскинувањето на договорот со романска Татабања кој нема да се натпреварува во лигата.

Извршниот одбор на СЕХа донесе одлука поради клучни недоразбирања околу условите за настап Татабања да ја исфрлат од натпреварувањето.

Веднаш се активираше резервната опција. Нов член на СЕХА стана Спартак Москва. Тоа е единствениот претставник од Русија во оваа лига и воедно прв руски клуб кој ќе настапува со клубовите од Балканот. Минатата сезона Спартак заврши како втор во руското првенство. Загуби од Чеховски медведи со 2-1 во серијата.

Московските ракомеатри ќе се натпреваруваат во групата А со Нексе, Вардар, Татран Прешов, Војводина и Мотор Запорожје.

Во групата Б се наоѓаат Загреб, Металопластика, мешков Брест, Веспрем, Еурофарм Работник и Пекинг спорт.

Scroll to Top