Во согласност со традицијата за промовирање на деветте суштински вредности на еден од најголемите општествено одговорни проекти за деца „Фудбал за пријателство“, беше одлучено дека „Купот на девет вредности“ оваа година ќе му биде доделен на ФК „Реал Мадрид“ за неговите исклучително општествено одговорни политики и проекти!
По нивната официјална средба во Торино, Италија, изминатата недела, претставници на компанијата „Газпром“, основач на проектот „Фудбал за пријателство“, Руската фудбалска федерација (домаќин на Светското првенство ФИФА 2018) и меѓународните детски амбасадори на проектот од Холандија, Италија, Шпанија и од Русија, донесоа едногласна одлука за доделување на „Купот на девет вредности“ на фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“ како прв трофеј од нивната тековна сезона. На овој начин „Лос Галактикос“ станаа дел од неверојатната приказна што го следи единствениот меѓународен спортски трофеј кој е доделен од децата – следејќи ги чекорите на други фудбалски тимови ѕвезди, како ФК „Барселона“ (Шпанија, 2015 година), ФК „Баерн“ (Германија, 2016 година) и ФК „Ал Вахда“ (Сирија, 2016 година).
Основан во 2013 година, проектот „Фудбал за пријателство“ оваа година ќе обедини деца од 211 земји и региони од целиот свет промовирајќи девет суштински вредности – пријателство, здравје, чест, праведност, посветеност, еднаквост, мир, традиција и победа. Финалните настани од проектот ќе се одржат во Москва од 8 до 15 јуни и ќе се совпаднат со Светското првенство 2018 година, на чие отворање ќе имаат можност да присуствуваат децата учесници во проектот.