Фудбалскиот клуб, Реал Мадрид одбележува несекојдневен јубилеј, точно 1.000 дена е фудбалски шампион на Европа.
Кралскиот клуб во претходниот период испишува историја во европскиот фудбал откако освои три титули во Лигата на шампиони, во низа.
Триумфалниот од на „кралевите“ започна под водството на Зинедин Зидан на 28 мај 2016 година, кога во финалето на ЛШ беше совладан градскиот ривал, Атлетико Мадрид по подоброто изведување пенали.
Една година подоцна Реал стана првиот клуб во Европа што успеал да ја одбрани титулата во елитното натпреварување, додека хет-трикот на Кралскиот клуб беше комплетиран на 26 мај 2018 година со победата од 3-1 над Ливерпул.
Реал е рекордер со 13 пехари во Лигата на шампионите.
?? ¡Llevamos 1.000 días siendo CAMPEONES DE EUROPA! ? #HalaMadrid | #RMUCL pic.twitter.com/yWGLocdgi4
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) February 22, 2019