Реал Мадрид конечно успеа да стигне до победа во Примера во 2019 година, по две неуспешни кола. Предмалку го совладаа Бетис во Севилја со 1-2.
Лука Модриќ во 13 минута носи водство за Кралевите. Во второто полувреме во 67 минута Каналес носи израмнување за домаќините, а целиот плен оди за Мадрид благодарение на Себалос кој постигна победнички гол за Реал во 88 минута од натпреварот.
Со оваа победа и освоените три бода Реал Мадрид е на четвртата позиција на табелата со 33 бода, исто колку што има и тимот на Севилја на третата позиција. Негативата од 10 бода зад лидерот Барселона останува и по ова 19 коло во Примера.
Тимот на Бетис по поразот остана на 7 место со 26 бода.