Top Sport

Водачот на тифозите на Верона не смее да стапне на стадион до 2030 година

Лука Кастелини, водачот на навивачката група на италијанскиот фудбалски клуб Верона по изјавата за Марио Балотели дека „не е вистински Италијанец“, доби 11-годишна забрана за одење на стадионот „Марк Антонио Бентегоди“ од сопствениот клуб.

Кастелини вчера го нападна Балотели обвинувајќи го дека лажирал дека бил расистички навредуван од навивачите на Верона, па по тој повод тој рече дека тој „не е вистински Италијанец“.

Својата одлука од Верона ја објаснија како „целосно спротивна на етичките принципи на клубот“. Кастелини не смее да се појави на домашните натпревари во „градот на љубовта“ се до 30 јуни 2030 година.

Се очекува дека одлуката нема да ја прифатат навивачите на Верона, па може да се очекува тие да не се појавуваат на натпреварите на омилениот клуб.

Балотели одговори на Ултрасите на Верона: Ова веќе нема врска со фудбалот

Scroll to Top