Top Sport

Робертсон: Гладни сме за трофеи, нашето време допрва доаѓа

Дефанзивецот на Ливерпул, Ендрју Робертсон вели дека желба на сите во клубот е сезонава да освојуваат трофеи. Ливерпул во јуни годинава по шести пат стана европски шампион, а сега имаат можност да го освојат Суперкупот на Европа.

„Не сакаме да се задржиме само на пехарот во Лигата на шампиони. Сакаме уште трофеи. Знам колку ќе биде тешко такво нешто, нашата следна прилика е Суперкупот против Челси, ќе биде сјајно доколку успееме да го освоиме и тој пехар“ – вели Робертсон.

Капитенот на фудбалската селекција на Шкотска е уверен дека Ливерпул има доволно сила и квалитет да ја продолжи жетвата на трофеи.

„Периодот пред нас ќе биде многу возбудлив. Нашите амбиции се да стигнеме до крајот на сите натпреварувања, што значи дека сакаме нови финалиња. Тоа мора постојано да го имаме на ум, затоа мечот в среда е многу битен“ – потенцира одбранбениот фудбалер.

Scroll to Top