Top Sport

Роналдо бакнува колешка, коментарите тргнаа во неочекуван правец (фото)

Кристијано Роналдо заработува десетици милиони годишно од фудбалот, но славниот Португалец своето богатство го зголемува и со снимање реклами.

Неодамна снимаше реклама за шампон за коса, а во рекламата се појавува и една од најдобрите фудбалерки на светот, Бразилката Марта Виеира Силва.

Во таа прилика, Роналдо ја бакнува колешката. Иако фотографијата оди во една нормална атмосфера, Роналдо другарски, во чело ја бакнува Марта, но на социјалните мрежи приказната доби неочекуван правец.

За само 24 часа, околу 400.000 луѓе ја лајкнале фотката, а споделена е 3.000 пати со над 15.000 коментари.

Дел од коментарите покажуваат воодушевување од Португалецот, но има и многу од оние кои „ставаат бензин на оган“ и ја споменуваат вереницата на фудбалерот, Георгина Родригез.

„Вереницата нема да ти биде среќна“ е само еден од коментарите кои алудираат на тоа дека меѓу Кристијано и Марта има нешто повеќе од пријателство.

Scroll to Top