Top Sport

Aврамовски е херојот на Вардар, победа над Работнички за лидерска позиција

На арената „Тодор Проески“ во Скопје денеска се одигра 69-тото градско дерби меѓу Работнички и Вардар во рамки на 12. коло од ПМФЛ. Триумфираа „црвено-црните“ со 2-0.

Иако стартот на натпреварот не изобилуваше со многу шанси, Вардарци го имаа поседот на топката. Најголемата шанса малубројните љубители на фудбалот на нашиот најголем стадион да видат погодок во првиот дел ја пропушти Мицевски од Вардар кој ја погоди стативата.

И во второто полувреме темпото на мечот беше слабо, но таквата игра им се посреќи на играчите на Вардар.

Во 75. Минута Даниел Аврамовски прецизно стрелаше од слободен удар за 1-0 за Вардар. Истиот играч, во 90 минута погоди за конечните 2-0 со што на Вардар му донесе 3 бода за вкупно 27 и прогрес на лидерската позиција на табелата во ПМФЛ.

Сега со 3 бода помалку на второто место е Академија Пандев која утре против Борец во Велес ќе го одигра мечот од ова коло.

Работнички останува на последната позиција на табелата со 10 бода.
Фото: ФК Работнички

Scroll to Top