Кристијано Роналдо Јуниор дефинитивно го наследил талентот на неговиот татко за фудбал. Тој е најдобар стрелец на Јувентус за фудбалери до 9 години. Роналдо Јуниор дал 3 гола и го освоил трофејот за најефикасен играч.
Асот на „Старата дама“ веднаш ја споделил сликата од синот со трофејот в раце на Инстаграм со коментар:
„Јас сум горд татко“.
Сепак, Кристијано се труди да го држи својот син „на земја“. Не сака премногу фалби за него во јавноста.
„Мисли дека ќе е подобар од мене. Би сакал така да биде, но не знам дали ќе успее“ – изјави неодамна Португалецот.