Фудбалерите во текот на мечот често се случува во жарот на борбата да се најдат во дуел, па во таков дуел се најдоа и Кристијано Роналдо и Нејмар. Се степаа, ама за промотивна снимка.
Борбата не одеше до крај како што обично бива во племенитата вештина, па не се знае кој победил.
На тепачка, или на меч – дефинитивно не може да се вбројат во рамноправни. Португалецот е многу потежок од Бразилецот, дури 18 килограми, а повисок е 12 сантиметри.
Сепак, според снимките кои се гледаат, Нејмар повеќе личи на боксер, според стилот, отколку Роналдо.
Двајцата славни фудбалери завршија во ринг за снимањето на реклама за португалски мобилен оператор.